ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Погребан синот на водач од најпознатиот клан - полицијата откри страшни детали!

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Погребан синот на водач од најпознатиот клан - полицијата откри страшни детали!

Во сообраќајна несреќа што се случила на 13 мај, животот го загуби 37-годишниот Никола Миљаниќ, син на Миле Миљаниќ, лице кое медиумите го поврзуваат со групата „Америка“. Погребот се одржал вчера на гробишта во околината на Белград.

Според информациите објавени од „Телеграф“, кои се базираат на неофицијални податоци, несреќата се случила кога патничко возило марка „опел“ започнало да врши свртување лево кон паркинг простор.

Во истиот момент, моторциклот со кој управувал Никола удрил во задната лева страна на автомобилот. Ударот бил во задниот дел од возилото, додека моторциклистот се движел во ист правец.

Дополнително, според истите извори, моторциклистот во моментот на несреќата извршувал претекнување преку полна линија.

Истрагата покажала дека Никола немал положено возачки испит за управување мотор. И покрај тоа, тој носел заштитна кацига во моментот на судирот.

Возачот на „опелот“ бил тестиран веднаш по несреќата и резултатите покажале дека не бил под дејство на алкохол.

Надлежните служби продолжуваат со утврдување на сите околности поврзани со оваа трагична сообраќајна несреќа.