Триесет и тригодишен жител на Куманово е приведен откако, според пријава, физички ги нападнал своите родители во семејниот дом.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека на 22 јуни околу 19:15 часот полициски службеници го лишиле од слобода Б.С. (33), постапувајќи по претходно добиена пријава.
Според полицијата, инцидентот се случил во семејната куќа во Куманово, каде осомничениот се однесувал агресивно и физички ги нападнал неговите родители.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.










