ПРВ.мк
Црна Хроника

Возач на „Фолксваген голф“ удрил две малолетнички на тротинет во Скопје и избегал, полицијата трага по него

Возач на „Фолксваген голф“ удрил две малолетнички на тротинет во Скопје и избегал, полицијата трага по него

Возач на патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки удрил две малолетнички на електричен тротинет на скопски Капиштец и избегал од местото на несреќата. Тринаесетгодишната девојка е тешко повредена, додека нејзината 12-годишна сопатничка се здобила со полесни повреди и двете се префрлени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Несреќата се случила на 21.08.2025 околу 14:30 часот на ул. „Васил Ѓорѓов“. Увидната екипа на СВР Скопје извршила увид на местото на настанот, а по инцидентот веднаш била распишана телеграма за трагање по возачот и возилото.

Полицијата презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Escape