ПРВ.мк
Црна Хроника

Европска потерница заврши со апсење на Македонец – случај што заврши со смрт на 93-годишник!

Европска потерница заврши со апсење на Македонец – случај што заврши со смрт на 93-годишник!

Во Салцбург е уапсен 36-годишен државјанин на Македонија, осомничен за учество во насилен грабеж во Германија, кој завршил со смрт на 93-годишен маж. Апсењето е извршено врз основа на европска потерница, а лицето по приведувањето е сместено во затвор во близина на градот.

Австриската полиција соопшти дека осомничениот бил лоциран и уапсен во населбата Елизабет-Форштат, во близина на главната железничка станица. Истражителите наведуваат дека жртвата починала како последица на тешки повреди здобиени за време на нападот.

Иако официјално не е целосно потврдено дека станува збор за истиот случај, повеќе детали укажуваат дека уапсениот е поврзан со грабежот во Келн, извршен за време на првомајскиот викенд. Тогаш непознати сторители провалиле во дом на постар маж, го нападнале, извршиле кражба и потоа избегале.

Неколку дена подоцна, жртвата била пронајдена мртва од страна на членовите на семејството, а обдукцијата потврдила дека смртта настапила како резултат на тешки телесни повреди.

Во меѓувреме, германските власти веќе уапсиле уште две лица поврзани со случајот, додека третиот осомничен бил во бегство сè до неговото апсење во Австрија.

Во тек се понатамошни истраги и координација меѓу германските и австриските органи за можно екстрадирање и продолжување на постапката.