Физичка пресметка меѓу двајца осуденици била пријавена во Казнено-поправната установа Идризово, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, настанот се случил на 12 јуни околу 19:15 часот, а во него учествувале осудениците К.Д. и Б.М. Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје во раните утрински часови следниот ден.
При тепачката, осуденикот Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до физичката пресметка.






