ПРВ.мк
Црна Хроника

Двајца велешани приведени по инцидент на улица „Благој Ѓорев“ - еве што се случило

Двајца велешани приведени по инцидент на улица „Благој Ѓорев“ - еве што се случило

Две лица од Велес биле приведени откако го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка на улицата „Благој Ѓорев“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 5 јули 2026 година околу 20:35 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.С. (25) и С.П. (53), двајцата од Велес.

При преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека 25-годишниот С.С. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,18 промили алкохол во крвта.

Двајцата биле задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.