ПРВ.мк
Црна Хроника

Млада државјанка на Италија приведена по инцидент во Градски парк

Млада државјанка на Италија приведена по инцидент во Градски парк

Деветнаесетгодишна државјанка на Италија е приведена по инцидент што се случил во Градскиот парк во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера околу 04:40 часот полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Г.Ф. (19), откако физички нападнала полициски службеник при извршување на службени дејствија.

При проверката било утврдено и дека странската државјанка немала регулиран престој во државата.

По целосното документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.