ПРВ.мк
Црна Хроника

ПАНИКА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД: Возило пламна во движење, возачот итно хоспитализиран - ова е неговата состојба!

ПАНИКА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД: Возило пламна во движење, возачот итно хоспитализиран - ова е неговата состојба!

Педесет и петгодишен жител на Скопје се здобил со изгореници откако автомобилот што го управувал се запалил додека бил во движење на подрачјето на Чаир.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во СВР Скопје на 11 јули 2026 година, околу 07:40 часот.

Според информациите, С.Д. (55) успеал навреме да го напушти возилото, но при инцидентот се здобил со изгореници по телото.

На местото интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, која го локализирала и изгаснала пожарот.

Повредениот бил пренесен во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“, каде што му била укажана лекарска помош.

На местото на настанот извршиле увид и полициски службеници од СВР Скопје, а се преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.