Полицијата во Подгорица уапси 41-годишен маж под сомнение дека се обидел да изврши разбојништво во киоск каде што работела неговата сопруга.
Според информациите од Управата на полицијата, инцидентот се случил на 13 јули во населбата Стар Аеродром. Осомничениот дошол во продажниот објект и од сопругата побарал пари. Откако таа одбила да му ги даде, тој се упатил кон касата во момент кога била отклучена за да му врати кусур на муштерија.
Полицијата наведува дека мажот се обидел да ја оттурне сопругата за да дојде до парите, но таа успеала навреме да ја заклучи касата и да го спречи обидот за кражба.
По неуспешниот обид, осомничениот го напуштил киоскот, но подоцна бил пронајден и уапсен по налог на Основното државно обвинителство во Подгорица.
Тој е предаден на надлежниот државен обвинител, а против него се води постапка поради сомнение за сторено кривично дело разбојништво.






