Седумдесет и петгодишен жител на Скопје пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопственикот на станот во кој живеел под кирија и од претставник на агенција за недвижности.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 15 јуни околу 16 часот пред зграда во скопската населба Карпош, каде што оштетениот дошол во придружба на својот внук со намера да го раскине договорот за закуп.
Во пријавата се наведува дека при отклучување на влезната врата, сопственикот на станот го удрил по раката. Пензионерот возвратил со метална прачка, по што, според неговите тврдења, сопственикот на станот и агентот за недвижности физички го нападнале.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.





