ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОКАНТЕН НАПАД ВО СТРУМИЧКО СЕЛО: Насилно влегле, тепале и се обиделе да одведат жена - еве колку лица се приведени!

ШОКАНТЕН НАПАД ВО СТРУМИЧКО СЕЛО: Насилно влегле, тепале и се обиделе да одведат жена - еве колку лица се приведени!

СВР Струмица поднесе кривични пријави против шест жители на селото Просениково, кои се осомничени за сторени кривични дела „насилство“, а дел од нив се товарат и за противправно лишување од слобода, како и за напад врз полициски службеници.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кривични пријави се поднесени против Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите од селото Просениково.

Истрагата покажала дека на 24 јули, околу 21:20 часот, осомничените насилно влегле во домот на К.Ѓ. во селото Сарај, струмичко, каде физички ги нападнале К.Ѓ., З.Ѓ., Р.Ѓ., В.Ѓ., Б.М., Б.Ѓ. и две малолетни лица, при што им нанеле телесни повреди.

Во текот на инцидентот, Т.Ј. и Г.Т., според полицијата, се обиделе против нејзина волја да ја одведат Р.Ѓ., поради што против нив, покрај за насилство, е поднесена кривична пријава и за делото „противправно лишување од слобода“.

Од МВР наведуваат дека за време на полициската интервенција, Б.Д. се однесувал агресивно кон службените лица и физички нападнал двајца полицајци, поради што се товари и за кривичното дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Осомничените биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за целиот случај бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

Во текот на настанот, сопственикот на куќата К.Ѓ. излегол на терасата и со ловечка пушка испукал два предупредувачки истрела во воздух. По целосното расчистување на случајот, како што информираат од полицијата, и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести