ПРВ.мк
Црна Хроника

„Ќе го паметиме засекогаш“ – емотивно збогување со младиот фудбалер по трагичната несреќа

„Ќе го паметиме засекогаш“ – емотивно збогување со младиот фудбалер по трагичната несреќа

Спортската јавност во Србија е потресена по трагичната вест за смртта на младиот фудбалер Немања Петровиќ, кој го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќта меѓу 11 и 12 јули.

Петровиќ настапуваше за ФК Десимировац, а неговата смрт предизвика бројни пораки на сочувство и збогување од пријатели, соиграчи и ривалски клубови.

Особено емотивно се простија од него во ФК Напредак Маниќ, каде истакнаа дека иако посакувале да го видат во нивниот дрес, тој останал верен на својот клуб, покажувајќи што значат лојалноста и припадноста.

Во пораката на клубот се наведува дека неговиот последен натпревар го одиграл на 14 јуни, токму против Напредак, без никој да претпостави дека тоа ќе биде неговото последно појавување на фудбалскиот терен.

Од клубот, како и неговите пријатели од Маниќ и Опорница, изразија најискрено сочувство до семејството Петровиќ, ФК Десимировац и сите кои го познавале, истакнувајќи дека неговата добрина, насмевка и пријателство ќе останат засекогаш во нивните сеќавања.