На 20.03.2026 година во 18:30 часот, полицијата од ОВР Радовиш примила пријава за сериозна сообраќајна незгода на регионалниот пат Радовиш – Конче, на влезот во село Конче.
Според информациите, патничко возило „Тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А. (42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од истото село.
Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип, каде веднаш било пренесено за итна медицинска помош.
На местото на настанот извршен е вкупен увид од увидна екипа на ОВР Радовиш, а истрагата за околностите на сообраќајката продолжува.


















