Денеска, 21.03.2026, во кочанското село Зрновци е пронајдено човечки тело на жена, објавија од МВР. Според првичните информации, телото било откриено околу 10:40 часот во место викано Ѓошевски орев, во близина на Зрновска река, во фаза на распаѓање. На местото веднаш се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Од Основното јавно обвинителство Кочани соопштија дека починатата сè уште не е идентификувана. Јавен обвинител извршува увид на локацијата и ќе биде наредена обдукција за да се утврдат причините за смртта, кои во овој момент не се познати.
Истрагата е во тек, а надлежните институции апелираат до јавноста да не шират непотврдени информации додека не заврши официјалната истрага.


















