ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: Маж фатен како предизвикува пожар - еве каква казна му се заканува!

ИНЦИДЕНТ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: Маж фатен како предизвикува пожар - еве каква казна му се заканува!
Kristal

На 20.03.2026 во 11:10 часот, во атарот на село Ерџелија, Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода С.Д. (75) од истото село. Приведувањето следувало по претходна пријава дека на локалниот пат с.Кадрифаково – с.Ерџелија, С.Д. предизвикал пожар, при што гореле сува трева и трска.

Пожарот бил брзо изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а за среќа нема пријавено повредени лица.

По целосно документирање на случајот, против С.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава, а надлежните органи ќе ја утврдуваат причината и околностите под кои дошло до пожарот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo