ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Пожарникар се повредил додека интервенирал - ова се деталите!

ДРАМА ВО ПРИЛЕП: Пожарникар се повредил додека интервенирал - ова се деталите!
Kristal

Вчера во 16:40 часот, во Прилеп на улицата „Дебарца“ избил пожар кој зафатил куќа и помошна просторија, сопственост на Д.Р. од Прилеп.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп, но при интервенцијата, пожарникарот З.Г. (53) од село Крушеани, прилепско, бил повреден од струен удар. Повредениот веднаш бил пренесен во Градска болница Прилеп каде му била укажана соодветна медицинска помош.

Увидната екипа на ОВР Прилеп извршила увид на местото на настанот за да се утврдат причините за пожарот и околностите под кои дојде до повредата на пожарникарот.

Случајот го истражуваат надлежните органи, а засега нема информации за дополнителни материјални штети или други повредени лица.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo