ПРВ.мк
Црна Хроника

Пукотници среде Гостивар – 65-годишник сам се пријавил во полиција

Пукотници среде Гостивар – 65-годишник сам се пријавил во полиција

Вистинска драма се одвивала по полноќ во Гостивар, откако било пријавено пукање од огнено оружје од патничко возило.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен во 00:13 часот, кога непознато лице кое се движело со „џип“ испукало неколку истрели, а потоа со возилото се упатило кон центарот на градот.

Во инцидентот нема повредени лица.

Неколку часа подоцна, околу 02:10 часот, во Полициската станица во Гостивар доброволно се пријавил 65-годишен жител на градот. Од него биле одземени пиштол „Берета“, кој легално го поседувал, една рамка со осум куршуми и уште една празна рамка.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, а по завршување на постапката против мажот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.