На 4 октомври околу 15:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово–Липково, во атарот на селото Никуштак, се случила сообраќајна несреќа во која биле повредени три лица.
Според информациите од полицијата, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 33-годишната В.А. од Никуштак, излетало од коловозот и се превртело.
Во несреќата двете малолетни сопатнички се здобиле со тешки телесни повреди, додека кај 33-годишната возачка биле констатирани телесни повреди во Општата болница Куманово.
На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Куманово.










