На 28.03.2026 година во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Карпош бил нарушен јавниот ред и мир по претходно недоразбирање.
Според пријавата, дошло до физичка пресметка помеѓу Т.М. (18) и А.Ј. (18), двајцата од Скопје, од една страна, и тројца малолетници, исто така од Скопје, од друга страна.
Сите учесници во инцидентот биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот, од надлежните ќе биде поднесен соодветен поднесок.



















