ПРВ.мк
Црна Хроника

Драматичен пресврт во Гостивар: Полицијата пронајде арсенал по пукањето - еве колку лица се приведени!

Драматичен пресврт во Гостивар: Полицијата пронајде арсенал по пукањето - еве колку лица се приведени!

Само неколку часа откако Министерството за внатрешни работи соопшти дека по допрен глас го истражува случајот со пукањето на семејна веселба во гостиварското село Добридол, полициски службеници спроведоа претреси на повеќе локации, при што беа приведени шест лица и беше пронајдено оружје и муниција.

Од МВР информираат дека денеска полициски екипи од СВР Тетово постапувале по видеоснимката објавена на социјалните мрежи, на која се гледа како повеќе лица употребуваат оружје за време на семејна прослава.

Во рамки на акцијата биле извршени претреси во неколку домови во селото Добридол. Кај И.С. (21) и А.И. (30) биле извршени претреси, при што кај А.И. бил пронајден и одземен гасен пиштол. Истовремено бил извршен претрес и кај И.Б. (25).

При претрес во домот на Б.А. (46), полицијата пронашла 30 куршуми за гасен пиштол, додека во дворот биле откриени 27 испукани чаури од гасен пиштол и еден патрон за ловно оружје. Б.А. и неговиот син М.А. (21) биле лишени од слобода.

Во претрес кај Т.М. (26) биле пронајдени и одземени пиштол со осум куршуми, ловна пушка со седум куршуми и гасен пиштол. Тој бил приведен, додека С.М. бил повикан на службен разговор.

Сите приведени се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични и други пријави.

Случајот беше отворен откако на социјалните мрежи се појави снимка од семејна веселба во Добридол на која се гледа како повеќе лица пукаат со оружје. Од МВР претходно соопштија дека настанот не бил пријавен, но дека полицијата започнала постапка по допрен глас за идентификување на учесниците и целосно расчистување на случајот.