ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Стан во пламен, малолетно дете итно пренесено во болница

ДРАМА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Стан во пламен, малолетно дете итно пренесено во болница

Тринаесетгодишно дете е повредено во пожар што избувнал во стан во центарот на Скопје, при што се здобило со полесни изгореници и симптоми на вдишување чад.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека пожарот бил пријавен околу 12:40 часот во станбена зграда на подрачјето на Центар.

Според неофицијални информации, детето било само дома и додека готвело, случајно запалило кујнски предмети. Во обид да го изгаси огнот, ги изнело запалените предмети на тераса, но пламенот се проширил и ги зафатил алиштата, предизвикувајќи густ чад кој ги вознемирил станарите.

Благодарение на брзата реакција, детето успеало навреме да излезе од станот и да избегне посериозни последици.

Со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Градска општа болница, каде му е укажана лекарска помош и се вршат дополнителни прегледи за да се утврди степенот на вдишување чад.

Надлежните служби вршат увид за целосно расчистување на случајот.