Денеска, на 16 август 2025 година, околу 14 часот во СВР Скопје бил примeн итен повик дека во реката Вардар, под мостот на улица „Војвода Васил Чакаларов“, има жена која се наоѓа во водата. Веднаш по пријавата, полициските службеници од ПС Карпош реагирале и се упатиле на местото.
При нивното пристигнување, било утврдено дека жената сè уште дава знаци на живот. Полицајците со брза и координирана акција успеале да ја извлечат од реката, спасувајќи ѝ го животот. По интервенцијата, жената била предадена на екипа од Итната медицинска помош, која веднаш ја транспортирала во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што и е укажана соодветна медицинска грижа.
Овој случај уште еднаш ја нагласува важноста на брзата реакција на полициските служби, чија навремена интервенција спречи трагичен исход.
Видео: