Попладнево во Штип се случила сообраќајна несреќа во која автомобил со двајца патници излетал од улицата „Панче Караѓозов“ и завршил превртен во двор од куќа покрај коловозот.
Според сведоштва на очевидци, возачот во еден момент нагло реагирал обидувајќи се да избегне жена која ја преминувала улицата. Во тој маневар, тој изгубил контрола над возилото, по што автомобилот излетал од патот и се превртел на покрив.
Во возилото се наоѓале возачот и сопатникот, кои по несреќата биле пренесени во Клиничката болница во Штип. Според информации од локални жители, двајцата се во стабилна здравствена состојба.
На местото на настанот интервенирала полицијата, која извршила увид и започнала со утврдување на причините за излетувањето.
Случајот дополнително ќе се истражува за да се утврди точниот тек на настаните.






