ПРВ.мк
Македонија

Голема промена на патарините од 15 јуни – еве што треба да знаете

Голема промена на патарините од 15 јуни – еве што треба да знаете

Јавното претпријатие за државни патишта информира дека од 15 јуни 2026 година ќе стапат на сила нови оперативни измени во системот за наплата на патарините.

Според новите правила, лентите означени како MTAG на наплатните станици ќе бидат наменети исклучиво за корисници кои користат електронски таг уреди. Со тоа, можноста за користење на MCard на овие ленти се укинува.

Корисниците кои сè уште користат MCard ќе треба да ја извршуваат наплатата на другите достапни ленти, кои се соодветно означени според типот на плаќање.

Од ЈПДП апелираат возачите да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сигнализација, како и електронските информативни табли на самите патарини, со цел да се избегнат застои и да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот.

Лентите се категоризирани според начин на плаќање, вклучувајќи електронска наплата (MTAG/MCARD) и готовинска наплата (CASH). Дополнително, сигнализацијата покажува дали лентата е отворена со зелена стрелка или затворена со црвен X.

Надлежните истакнуваат дека промените се воведуваат со цел подобра организација и поефикасно функционирање на системот, како и за побрз проток на возила на наплатните станици.