ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА НА УЛИЦА: Жена со „опел“ намерно удрила во „ауди“ и побегнала!

ДРАМА НА УЛИЦА: Жена со „опел“ намерно удрила во „ауди“ и побегнала!

Дваесетгодишен жител на тетовското село Челопек пријавил во полиција дека бил учесник во сообраќајна несреќа во Тетово, по која другиот возач наводно го напуштил местото без да почека полициска екипа.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 13 јули околу 20:15 часот на улицата „Видео Смилевски-Бато“ во Тетово.

Како што стои во пријавата, Х.Ј. (20) управувал патничко возило „ауди“, додека во негова близина се движело друго возило – „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.П.

Според тврдењата на пријавителот, возачката намерно го насочила возилото и удрила во десната страна од неговиот автомобил, по што веднаш го напуштила местото на несреќата.

По случувањето, на 20-годишниот возач му била укажана медицинска помош во Клиничката болница во Тетово.

Од полицијата информираат дека се преземаат дополнителни мерки и активности со цел целосно расчистување на случајот, утврдување на сите околности и евентуалната одговорност на учесниците во настанот.