ПРВ.мк
Црна Хроника

Полиција го опколи училиштето – во тек е проверка по дојава за бомба

Полиција го опколи училиштето – во тек е проверка по дојава за бомба

Валдорфското училиште во загрепската населба Сигет е евакуирано откако била примена дојава дека во објектот е поставена бомба.

По пријавата, учениците и вработените веднаш ја напуштиле зградата, а на местото пристигнале поголем број полициски службеници.

Полицијата започнала со преглед на училишните простории со цел да се утврди дали во објектот навистина има експлозивна направа.

Еден од родителите за хрватскиот „Дневник“ изјавил дека евакуацијата била спроведена многу брзо и дека учениците биле испратени дома.

Според неговите зборови, неговото дете дома пристигнало дури и во папучи, бидејќи учениците немале време да ги земат своите работи пред да го напуштат училиштето.

Од загрепската полиција потврдиле дека постапуваат по пријавата и дека проверката на училиштето сè уште е во тек.

Засега нема официјална информација дека во објектот е пронајдено експлозивно средство.