Ноќна драма во скопската населба Маџари, каде што автомобил „Фолксваген Широко“ бил намерно запален, а полицијата трага по сторителот и ги утврдува сите околности на случајот.
Според информациите, инцидентот се случил околу еден час пред полноќ, во близина на поранешната зграда на А1 телевизија. Неофицијално, станува збор за подметнат пожар.
Како што се дознава, лицето кое го запалило автомобилот пеш се приближило до местото каде што било паркирано возилото. Претходно носело фантомка на главата, но непосредно пред да стигне до локацијата ја извадило маската и поминало покрај повеќе објекти опремени со видеонадзор.
За среќа, во пожарот нема повредени лица, а огнот не се проширил на околните објекти. Сепак, инцидентот предизвикал голема вознемиреност кај жителите, бидејќи станува збор за густо населено подрачје, а во непосредна близина на запаленото возило се наоѓала и електрична бандера, што можело да предизвика уште поголема материјална штета.
Пожарот прв го забележало дете, кое веднаш алармирало за случувањето. За среќа, детето не било повредено.
На местото извршен е увид, а полицијата работи на расчистување на случајот. Истрагата е насочена кон откривање на сторителот, но и кон утврдување дали зад палењето стои евентуален нарачател.






