ПРВ.мк
Црна Хроника

Емотивно сведоштво пред судењето: Таткото на Андреј првпат ќе го види убиецот на својот син - „Сакам да ја слушнам вистината од него“

Емотивно сведоштво пред судењето: Таткото на Андреј првпат ќе го види убиецот на својот син - „Сакам да ја слушнам вистината од него“

Таткото на Андреј Симиќ, момчето кое беше убиено во Нишка Бања во 2023 година, утре за првпат ќе се соочи со малолетникот обвинет за убиството на неговиот син. Сослушувањето ќе се одржи преку видео-врска во Вишиот суд во Ниш, во постапката што се води против родителите на малолетникот.

Миќа Симиќ изјави дека ова ќе биде првиот пат по трагедијата да го види момчето, кое веднаш по убиството било сместено во психијатриска установа.

Тој вели дека внимателно ја проучил целокупната документација од случајот, која брои повеќе од 1.500 страници, и дека сака лично да ги слушне одговорите од малолетникот.

„Сакам да слушнам што ќе каже од своја уста. Објаснување за ова што се случи не постои, но имам прашања што сакам лично да му ги поставам“, изјавил Симиќ.

Тој изрази сомнеж дека малолетникот би можел да се обиде да ги заштити своите родители за време на сведочењето, оценувајќи дека станува збор за личност која знае да манипулира.

Симиќ направи паралела и со случајот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, посочувајќи дека, според него, постојат многу сличности меѓу двата случаи.

Тој тврди дека во текот на судската постапка одбраната се обидела неговиот син да го прикаже како проблематично дете, а истовремено изнесе и тврдење дека малолетниот напаѓач тој ден планирал да нападне повеќе ученици, а не само Андреј.