ПРВ.мк
Црна Хроника

Семејна расправија ескалираше: Братучед нападнат со остар предмет во Гостивар

Семејна расправија ескалираше: Братучед нападнат со остар предмет во Гостивар

Полицијата приведе 38-годишен жител на Гостивар по пријава дека физички го нападнал својот братучед и при инцидентот употребил остар предмет.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен од 38-годишниот Е.Ш., кој навел дека нападот се случил по претходна расправија меѓу двајцата.

По добиената пријава, полициски службеници од ОВР Гостивар интервенирале и околу 23:55 часот го лишиле од слобода осомничениот Н.Ш.

Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на сите околности поврзани со случајот, против приведениот ќе биде поднесен соодветен поднесок согласно законот.

Надлежните продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите детали и причините што довеле до инцидентот.