ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Товарно возило удри пешак во Росоман - МВР со детали

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Товарно возило удри пешак во Росоман - МВР со детали

Трагична сообраќајна несреќа ја потресе вечерва областа на регионалниот пат Градско–Прилеп, во близина на Росоман, каде едно лице го загуби животот по судир со товарно возило.

Според првичните информации, несреќата се случила денеска околу 18:55 часот. Товарно возило „сканија“ со приколка, со регистарски ознаки од Кавадарци, управувано од 45-годишен возач, удрило во 89-годишен пешак од Росоман.

Ударот бил фатален. Пешакот се здобил со тешки повреди и починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кавадарци.

Од надлежните органи е известен јавен обвинител, а на местото на несреќата е извршен увид од страна на полициски екипи од ОВР Кавадарци, со цел да се утврдат сите околности околу трагичниот настан.

Поради несреќата, сообраќајот на овој регионален пат е во прекин и возилата се пренасочуваат по алтернативни правци.

Истрагата продолжува, а засега не се познати сите детали за тоа како точно дошло до фаталниот удар.