ПРВ.мк
Црна Хроника

РАЗБИЕНА ГОЛЕМА НАРКО МРЕЖА ВО СКОПЈЕ: Пронајдена дрога на повеќе локации - еве колку лица се уапсени!

РАЗБИЕНА ГОЛЕМА НАРКО МРЕЖА ВО СКОПЈЕ: Пронајдена дрога на повеќе локации - еве колку лица се уапсени!

Во координирана акција на полицијата, во текот на ноќта меѓу 18 и 19 април, на повеќе локации низ Скопје биле приведени вкупно десет лица, меѓу кои и малолетник.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека станува збор за лица на возраст од 15 до 50 години, од Скопје, како и едно лице од селото Јурумлери, додека двајца од приведените се странски државјани – од Хрватска и од Грција.

При извршените контроли, кај нив биле пронајдени и одземени различни видови наркотични супстанции, меѓу кои бела грутчеста и прашкаста материја, марихуана и таблети.

По целосно документирање на случаите, против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни пријави.