Во скопската населба Чаир е пријавен случај на физички напад врз малолетник, кој се случил во градски автобус, информираат од полицијата.
Според полицискиот билтен, синоќа околу 22:15 часот во СВР Скопје, 33-годишната Е.С. од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син бил нападнат од двајца други малолетници.
Инцидентот, како што се наведува, се случил околу 21:50 часот додека сите учесници биле во автобус кој сообраќал на подрачјето на Чаир. Од засега непознати причини, дошло до физичка пресметка меѓу малолетниците.
По пријавата, надлежните служби презеле мерки за утврдување на сите околности околу настанот и за идентификација на инволвираните лица.
Од полицијата информираат дека случајот е во фаза на расчистување и ќе следуваат дополнителни мерки по неговото целосно документирање.







