ПРВ.мк
Црна Хроника

„Имам бебиња, немој...“ Последните зборови на медицинската сестра што го скршија светот

„Имам бебиња, немој...“ Последните зборови на медицинската сестра што го скршија светот

Трагичен настан ја потресе американската сојузна држава Алабама, откако 27-годишна медицинска сестра беше убиена на паркингот од болницата во која работела, веднаш по завршувањето на својата смена.

Младата жена, Ада Дос, во моментот на нападот разговарала со својот сопруг преку телефон. Двајцата зборувале за секојдневните семејни обврски и за нивните две мали ќерки, кога на паркингот ѝ пришол вооружен маж.

Според истрагата, осомничениот побарал да му ги предаде клучевите од автомобилот. Исплашена за својот живот, Ада го молела да не пука, објаснувајќи дека дома ја чекаат нејзините деца. Нејзиниот сопруг, кој сè уште бил на телефонската линија, ги слушнал нејзините последни зборови и моментите пред да бидат испукани фаталните истрели.

Американските медиуми пренесуваат дека осомничениот претходно истиот ден престојувал во кругот на болницата, но не побарал медицинска помош. Наместо тоа, со часови се движел околу објектот, по што ја пресретнал медицинската сестра додека одела кон своето возило.

По трагедијата, сопругот на жртвата покренал тужба против здравствениот систем и компанијата задолжена за обезбедувањето, тврдејќи дека сериозни безбедносни пропусти му овозможиле на напаѓачот непречено да се движи низ болничкиот комплекс.

Осомничениот е уапсен и против него е покренато обвинение за тешко убиство, а случајот предизвика силни реакции и тага во американската јавност.