ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Дрога пронајдена на повеќе локации - ова е бројот на приведени лица!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА: Дрога пронајдена на повеќе локации - ова е бројот на приведени лица!

Полицијата лишила од слобода осум лица во Скопје, Струга и Кичево, откако при извршени прегледи кај нив биле пронајдени различни видови дрога и непознати материи, информира Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 11 до 12 јули 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации во главниот град ги привеле Т.Е.Б. (23), С.Б. (26), М.С. (33), Л.Д. (29), Е.М. (37), сите од Скопје, како и М.С. (18) од Тетово.

При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.

Истиот период, полициски службеници од ОВР Неготино извршиле службен разговор со Н.К. (26) од село Бистренци, демиркаписко, откако при проверка од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки кај него била пронајдена и одземена марихуана. За случајот бил известен јавен обвинител.

Во Струга, на 12 јули во 01:00 часот, на улицата „Нико Нестор“, бил лишен од слобода Н.М. (18) од селото Мислодежда. При полицискиот преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така, во исто време, кај месноста „Китино кале“ во Кичево, полицијата го привела И.Ѓ. (48) од Белград, Република Србија. Кај него при преглед била пронајдена и одземена непозната бела прашкаста материја.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.