ПРВ.мк
Црна Хроника

14-годишник осомничен дека одзел 17.300 евра од својот дедо – мајката приведена

14-годишник осомничен дека одзел 17.300 евра од својот дедо – мајката приведена

Полицијата приведе 36-годишна жена од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, откако 68-годишен жител пријавил дека од неговиот дом биле одземени околу 17.300 евра.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот бил пријавен на 22 јули, по што полициски службеници од ОВР Неготино презеле мерки и активности за расчистување на случајот.

Во пријавата, 68-годишниот маж навел дека неговиот 14-годишен внук, наводно под влијание на неговата мајка, ги одзел парите од домот и ги однел кај неа.

За случајот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјални работи, а разговорот со малолетникот бил извршен во присуство на адвокат за малолетници, согласно законските процедури.

Од МВР информираат дека К.Л. (36) била задржана во полициска станица, додека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надлежните продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на сите околности поврзани со овој случај.