ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешко повреден мотоциклист: Изгубил контрола и се урнал на патот

Тешко повреден мотоциклист: Изгубил контрола и се урнал на патот

На 21 јуни 2025 година, околу 11:40 часот, на магистралниот пат Гостивар–Кичево се случила сообраќајна несреќа во која сериозно бил повреден 42-годишен мотоциклист од Гостивар.

Според информациите, З.З. управувал со моторцикл марка „Хонда“ со гостиварски регистарски таблички кога, од засега непознати причини, ја изгубил контролата и паднал на коловозот.

Од падот мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде му била укажана лекарска помош.

На местото на несреќата излезла екипа од Основната верификација на криминалитетот од Гостивар, која извршила увид и работи на целосно расчистување на случајот.

Причините за несреќата сѐ уште се утврдуваат.

Сподели го овој напис