ПРВ.мк
Црна Хроника

МВР продолжува со контроли – уапсен возач поради опасно брзо возење

МВР продолжува со контроли – уапсен возач поради опасно брзо возење

Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот денеска лишиле од слобода 47-годишен жител на Тетово, откако бил затекнат како вози со драстично поголема брзина од дозволената на автопатот Гостивар–Тетово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возачот управувал патничко возило „Шкода“ со тетовски регистарски таблички и се движел со 177 километри на час на делница кај клучката Боговиње, каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час. Прекршокот бил евидентиран со специјалното полициско возило „пресретнувач“.

По консултација со јавен обвинител, возачот со иницијали К.Б. бил приведен, а против него ќе биде поведена постапка согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период низ целата држава, со цел санкционирање на несовесните возачи и зголемување на безбедноста на патиштата. Воедно, апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат ограничувањата на брзината и сообраќајните прописи.