Во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која тешко е повредена малолетничка на 14-годишна возраст, откако електричниот тротинет со кој управувала се судрил со патничко возило.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 2 мај 2026 година околу 14:55 часот, на крстосницата помеѓу улицата „Горно Лисиче“ и улицата „Ѓорѓи Капчев“ во Скопје.
Во несреќата учествувале патничко возило марка „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишен маж од Скопје, и електричен тротинет од марката „шаоми“, со кој управувала малолетничката.
Од ударот, девојчето се здобило со тешки телесни повреди. Таа била итно пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде лекарите ги констатирале повредите и ѝ е укажана медицинска помош.
Надлежните служби извршиле увид на местото на настанот, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои дошло до несреќата.








