ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) Беснее голем пожар кај Арбанашко - огнени стихии проголтуваат се пред себе!

(ФОТО) Беснее голем пожар кај Арбанашко - огнени стихии проголтуваат се пред себе!

Во атарот на селото Арбанашко, општина Старо Нагоричане, вчера избувнал пожар кој зафатил сува трева, смрека и мешовита дабова шума.

Според информациите од Територијалната противпожарна единица и Регионалниот центар за управување со кризи, огнот бил пријавен околу 16:50 часот и брзо се проширил на планинскиот терен. Станува збор за планинско село, што дополнително ја отежнало интервенцијата.

Во гаснењето учествувале две противпожарни возила и седум пожарникари, а помош дале и припадници на полицијата од полициската станица во Старо Нагоричане. Интервенцијата траела неколку часа и пожарот бил локализиран и изгаснат околу 20:40 часот.

Од службите информираат дека благодарение на брзата реакција е спречено поголемо ширење на огнот.