Полициски службеници од СВР Тетово на 30.01., во периодот од 14:00 до 16:00 часот, спровеле акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.
При контролата, во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“.
Во исто време, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви.
Сите малолетни лица биле приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.

















