Две лица биле лишени од слобода по инцидент што се случил во семејниот дом на нивните родители во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, вчера околу 17:00 часот биле приведени А.Д. (59) од Струга и Ж.С. (62) од Охрид, откако претходно дошло до вербална расправија меѓу членовите на семејството.
Во текот на расправијата, 62-годишната охриѓанка физички нападнала дел од своите роднини, по што била повикана полицијата, која интервенирала и ги лишила од слобода двете лица.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.








