ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Падна позната нарко група - еве колку лица се приведени!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Падна позната нарко група - еве колку лица се приведени!

Лишени од слобода 12 лица во Скопје, на Граничниот премин Табановце, Прилеп, Неготино и Дебар, кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 10/11.07.2026 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.С.(43), Т.Б.(28), Ч.З.(52), А.Н.(22) сите од Скопје В.С.(26), од Прилеп, К.С.(29) од Куманово и В.Т.(49) од Р.Србија затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и кафеава прашкаста материја.

На 10.07.2026 во 14:45 часот на Граничниот премин Табановце на влез во државата полициски службеници го лишија од слобода М.С.(21) од Р.Швајцарија затоа што при извршен преглед на возило „ленд ровер“ со швајцарски национални ознаки во кое тој бил сопатник во неговиот ранец била пронајдена и одземена марихуана. Известен бил јавен обвинител и истиот бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 10.07.2026 во 22:30 часот на ул„Александар Македонски" во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Л.К.(23) од Прилеп бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена прашкаста материја.

На 11.07.2026 во 01:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.М.(25) од Неготино, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

На 10.07.2026 во 19:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода В.Ч.(27) од Неготино. При преглед, тој проголтал бела грутчеста материја и по кратко исфрлил од устата дел од неа, по што бил пренесен во Итна медицинска помош Неготино за укажување лекарска помош. Известен бил јавен обвинител.

На 10.07.2026 во 19:15 часот, во ОВР Дебар приведен е В.К.(26) од Дебар. При контрола, полициските службеници го затекнале во моторно возило „голф“ со дебарски регистарски ознаки и притоа кај него пронашле марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.