ПРВ.мк
Црна Хроника

ИЗМАМА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД: Маж платил 600 евра за услуга - но еве што добил!

ИЗМАМА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД: Маж платил 600 евра за услуга - но еве што добил!
Kristal

На 7 јануари 2026 година, во 14:20 часот, во СВР Скопје бил пријавен случај на измама. 36-годишен маж пријавил дека бил измамен за сума од 600 евра.

Според пријавеното, на 19 септември 2025 година, тој на социјална мрежа стапил во контакт со лице кое се претставило како управител на приватна фирма од Тетово. Договорена била достава и монтажа на собна врата, при што пријавителот исплатил аванс од 600 евра на техничар од фирмата.

Откако поминал договорениот рок за монтажа, лицата не биле достапни на телефон, по што пријавителот сфатил дека станува збор за измама.

МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

FixCredit
Escape