ПРВ.мк
Црна Хроника

Страшна трагедијa: Четири лица загинаа во судир на две возила

Страшна трагедијa: Четири лица загинаа во судир на две возила

Четири лица го загубија животот, а едно е повредено во тешка сообраќајна несреќа што денеска околу 12:25 часот се случила на северната обиколница на Вировитица во Хрватска.

Според првичните информации, до несреќата дошло при директен судир на две возила на државниот пат ДЦ 538.

Хрватските медиуми јавуваат дека на местото на несреќата бил ангажиран и медицински хеликоптер за итен транспорт на тешко повредено лице. Сепак, и покрај напорите на медицинските екипи, лицето им подлегнало на повредите.

Уште едно повредено лице е пренесено во Општата болница во Вировитица, каде што му се укажува лекарска помош.

На местото на трагедијата се врши увид под раководство на заменик-жупанискиот државен обвинител од Бјеловар, кој треба да ги утврди причините и околностите под кои дошло до несреќата.

Поради увидот и расчистувањето на случајот, државниот пат ДЦ 538 е затворен за сообраќај до понатамошно известување.