ПРВ.мк
Црна Хроника

СООБРАЌАЈНИ ИНЦИДЕНТИ ВО ВЕЛЕШКО: Двајца возачи под силно влијание на алкохол предизвикаа незгоди - еве со колку промили возеле!

СООБРАЌАЈНИ ИНЦИДЕНТИ ВО ВЕЛЕШКО: Двајца возачи под силно влијание на алкохол предизвикаа незгоди - еве со колку промили возеле!
Kristal

Двајца возачи од велешко и од Чашка се лишени од слобода поради управување возило под дејство на алкохол, информираат од МВР.

Првиот случај се случил вчера (26.12.2025) во 20:20 часот, кога полициски службеници од СВР Велес го уапсиле М.Ј. (59) од село Раштани. Тој управувал мопед „Томос“ без регистарски ознаки на улица „Раштански пат“ во Велес, изгубил контрола и паднал на коловозот. При контролата било утврдено дека имал 2,87 промили алкохол во крвта.

Вториот случај се случил вчера во 21:50 часот, кога полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.Н. (27) од Чашка. Тој управувал патничко возило „БМВ“ со штипски регистарски ознаки на регионалниот пат Велес – село Извор, излетал надвор од патот, а при проверка било утврдено дека имал 3,01 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

FixCredit
Escape