СВР Штип поднесе кривична пријава против 35-годишниот Џ.Д. поради сомневање за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
На 19 август, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот во Штип, при што биле пронајдени и одземени три автоматски пушки „Калашников“ калибар 7,62 мм, седум рамки и 190 куршуми со истиот калибар, соопшти полицијата.
Против Џ.Д. ќе следува понатамошна правна постапка за стореното кривично дело.