ПРВ.мк
Свет

Трамп најави враќање на смртната казна во Вашингтон за секое убиство

Трамп најави враќање на смртната казна во Вашингтон за секое убиство

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска најави воведување на смртна казна за секое убиство извршено во Вашингтон, главниот град на САД, каде смртната казна е укината уште во 1981 година.

„Ако некој убие некого во Вашингтон, ќе бараме смртна казна. Тоа е силно средство за одвраќање“, изјави Трамп за време на состанокот на својот кабинет во Белата куќа. Тој додаде дека новата политика ќе важи за убиства на федерално ниво, додека локалните случаи ќе останат под надлежност на градските власти.

Трамп, како силен поддржувач на смртната казна, се надева дека ќе може да ги измени важечките закони за посебниот статус на Вашингтон, кој е под надзор на Конгресот. Претходно, во 1992 година, Конгресот одби референдум за повторно воведување на смртната казна во градот.

На почетокот на својот втор мандат, Трамп потпиша извршна наредба со која го прошири опсегот на смртната казна за најтешките злосторства и го задолжи сојузните обвинители почесто да поднесуваат такви обвиненија.

Смртната казна е укината во 23 сојузни држави на САД, а три други воведоа мораториум. Некои држави, како Аризона, Охајо и Тенеси, најавија повторно воведување на казната.

Escape