ПРВ.мк
Црна Хроника

БРУТАЛНО УБИСТВО ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Ја убил сопругата па ја скрил во замарзивач - морничави детали од злосторството!

БРУТАЛНО УБИСТВО ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Ја убил сопругата па ја скрил во замарзивач - морничави детали од злосторството!
Kristal

Вишото јавно обвинителство во Лесковац наложи психијатриско вештачење на Далибор Демировиќ (43) од селото Печенјевац, кој е осомничен дека на 2 ноември 2025 година ја убил својата невенчана сопруга Катарина Г. (36) во семејната куќа, а потоа нејзиното тело го сокрил во замрзивач, дознаваат српските медиуми.

Голем број сведоци веќе дале искази во обвинителството, а се очекува наодот од психијатрите, кој би можел клучно да го одреди понатамошниот тек на кривичната постапка против Демировиќ. Доколку се утврди дека тој бил пресметлив и свесно го сокрил телото со цел да добие време за бегство, тоа би можело да значи отворање пат кон максимална казна за тешко убиство. Во спротивно, ако се утврди дека бил непресметлив, постапката би можела да тргне во насока на задолжително психијатриско лекување наместо затворска казна.

Злосторството откриено по признание пред братот

Убиството во селото Печенјевац кај Лесковац било откриено откако осомничениот му се доверил на својот роден брат Денис. Според сведочењето, Далибор го повикал братот и му рекол што направил. Кога Денис ѕирнал во собата, ги видел нозете на жената која неподвижно лежела на подот.

Откако слушнал дека брат му ја удавил невенчаната сопруга, Денис се исплашил, побегнал кај роднини во Бојник и од таму ја повикал полицијата. Кога полициската патрола пристигнала во куќата во Печенјевац, телото не било пронајдено во собата.

Телото пронајдено во замрзивач – без облека

Телото на убиената жена било откриено дури по детална претрага на куќата. Според изворите, Далибор го ставил телото во замрзивач и го покрил со ќеси со замрзната храна, така што на прв поглед ништо не било забележливо. Под храната, форензичарите го пронашле телото на Катарина, без облека.

Незванично, телото било откриено дури повеќе од пет часа по првиот преглед на куќата, што му овозможило на осомничениот да побегне. Зошто телото било без облека, засега останува нејасно и е предмет на истрагата.

Вештачењето како клучен момент во истрагата

Според извори блиски до истрагата, токму психијатриското вештачење ќе биде од пресудно значење. Доколку се утврди дека сокривањето на телото било свесен чин со намера да се одложи откривањето на злосторството, позицијата на осомничениот значително ќе се влоши. Ако, пак, се покаже дека дејствијата се резултат на психичко заболување, случајот би можел да добие сосема поинаков правец.

Обвинителството ја продолжува постапката

Од Вишото јавно обвинителство во Лесковац потврдуваат дека е доставен обдукцискиот записник за покојната Катарина Г., како и дека е наредено психијатриско вештачење на осомничениот. Дел од сведоците веќе се сослушани, а останатите треба да дадат искази во текот на јануари 2026 година.

„Морав да ја убијам“ – морничаво сведоштво на братот

Братот на осомничениот, Денис, изјавил дека мислел оти Далибор сака да му покаже нова керамика во станот, но наместо тоа го дочекал шок.

„Ми рече ‘гледај’, а јас од вратата ги видов само нејзините нозе. Го прашав што направил, а тој ми рече: ‘Ја убив’. Кога го прашав како, ми одговори: ‘Морав, ми здодеа’“, раскажал Денис.

Тој додал дека Далибор му признал дека ја задавил жената со раце и го повикал да влезе да види, но тој одбил.

Историја на насилство и апсење по потера

Во моментот на убиството, Далибор бил во куќен притвор поради претходни напади врз полицајци и насилно однесување. Тој бил уапсен на 6 ноември, по интензивна полициска потера, криeјќи се во напуштена куќа во близина на местото на злосторството.

Случајот и натаму ја потресува јавноста, а истрагата треба да даде одговори на прашањата што ќе одлучат дали осомничениот ќе се соочи со најтешка затворска казна или со долготрајно психијатриско лекување.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo