ПРВ.мк
Црна Хроника

БРУТАЛНО ПРЕТЕПАА ЧОВЕК ДО СМРТ ПРЕД КАЗИНО: Тројцата обвинети добија по 10 години затвор!

БРУТАЛНО ПРЕТЕПАА ЧОВЕК ДО СМРТ ПРЕД КАЗИНО: Тројцата обвинети добија по 10 години затвор!

Основниот суд во Кавадарци донесе првостепена пресуда за убиството што минатата година го потресе градот, осудувајќи тројца кавадарчани на вкупно 30 години затвор за смртта на 43-годишниот Панче Т.

Според пресудата, Д.Б. (27), М.Ѓ. (36) и Д.С. (28) се прогласени за виновни и секој од нив е осуден на казна затвор од по 10 години.

Од Судот информираа дека во текот на судската постапка обвинетите не ја признале вината. По изрекувањето на пресудата, која сè уште не е правосилна, на тројцата им е продолжен притворот до завршување на постапката.

И Обвинителството и одбраната имаат право на жалба. Основното јавно обвинителство Кавадарци веќе најави дека ќе ја обжали пресудата, бидејќи смета дека изречените казни не се соодветни на тежината на делото.

Трагичниот настан се случи во раните утрински часови на 27 август 2025 година пред казино на улицата „Никола Минчев“ во центарот на Кавадарци.

Според обвинението, на убиството му претходела вербална расправија во казиното. По конфликтот, тројцата обвинети и 43-годишниот Панче Т. излегле надвор, каде што физичката пресметка ескалирала.

Обвинителството тврдеше дека обвинетите го нападнале мажот со повеќе удари со тупаници и клоци по главата и телото. И покрај обидот повторно да влезе во казиното, тој се онесвестил и паднал.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, но лекарите можеле само да ја констатираат неговата смрт.

Случајот предизвика големо внимание во јавноста, а конечната одлука ќе биде позната откако ќе заврши жалбената постапка пред повисокиот суд.

Најнови вести