ПРВ.мк
Црна Хроника

Битолчанец измамен за 91.000 денари – „мајстор“ зел пари за материјал и исчезнал

Битолчанец измамен за 91.000 денари – „мајстор“ зел пари за материјал и исчезнал

Педесет и деветгодишен жител на Битола пријавил во полиција дека бил измамен од лице кое се претставило како мајстор за поставување плочки.

Како што информираат од СВР Битола, А.Д. го ангажирал лицето за реновирање на купатилото во неговиот стан и му предал 91.000 денари за набавка на потребните материјали.

Но, и покрај договорот, осомничениот не започнал со изведување на работите, а во меѓувреме целосно престанал да комуницира со оштетениот.

Откако сфатил дека е измамен, битолчанецот случајот го пријавил во полиција.

Од СВР Битола соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.